Британците изумеле гума за жџвакање која не се лепи, а има исти вкус како и обичните гуми за џвакање. Може без проблем да се отстрани од облеката со помош на обична вода и сапун. Откако ќе бидат фрлени во канализацијата, гумите за џвакање се разградуваат во рок од еден ден.
Новите гуми за џвакање биле дизајнирани на универзитетот во Бристол, а за сега ги извезуваат само во САД. Владата во Велика Британија годишно троши по 150 милиони фунти на хемикалии кои ги отстрануваат остатоците од гумите за џвакање од улиците.