Поверојатно е дека ќе изедат отпушок од цигари, наместо парче леб и ќе слетаат на пруги наместо на дрво, но научниците тврдат дека се попаметни од просечно тригодишно дете.


Научниците велат дека вршеле испитување на гулаби какво што е вршено врз шимпанзата, делфините и слоновите и резултатите се подеднакви. Заклучиле дека гулабите можат да разликуваат своја снимка во сегашно време и снимка направена во минатото, додека дете од три години има проблем со препознавање на разликата помеѓу снимка во живо и снимка направена неколку минути претходно.