Затворениците во Бразил смислија иновативен начин и во своите келии добиваат мобилни- им ги носат гулаби писмоносци.
Стражарите во затворот Данилио Пинеиро во југоисточен Бразил минатата седмица воочиле гулаб кој се одморал на електрична жица, со мала платнена вреќа врзана за ногата. Тие ја намамиле птицата со храна и во вреќата пронашле делови од мал мобилен телефон. Наредниот ден исто така забележале гулаб со вреќичка, но овој пат во затворскиот двор. Во вреќата овој пат имало полнач за мобилен телефон.
Очигледно е дека гулабите се одгледани во затворот, па потоа се тајно пуштени надвор, опремени со деловите за мобилен и пуштени да се вратат во затворот.