Еден гулаб ги соборил сите досегашни рекорди на една аукција одржана овој викенд во белгискиот град Кнеселар. Скапоцениот гулаб го купил еден страсен љубител на гулаби од Јапонија кој за него издвоил дури 170 илјади евра.


Гулабот по име Еуродајмонд, е познат на експертите по своите исклучителни карактеристики и успешните учества на многу светски натпревари. На лицитацијата биле продадени вкупно 151 гулаб за вкупна сума која надминала еден милион евра.