Чуварите на еден затвор во Костарика уловиле гулаб со торбица полна со дрога врзана околу градите, пренесуваат медиумите. Гулабот носел 14 грама кокаин и 14 грама марихуана во црна торбица, која делумно била сокриена од неговите пердуви. Чуварите ја забележале птицата додека летала кон дворот на затворот “La Reforma”.
Директорот на затворот објаснил дека ја посматрале птицата и го забележале испакнатиот дел на нејзините гради, па ја зароиле и пронашле торбица со патент. Во неа имало дрога. По се изгледа птицата била дресирана да шверцува. Гулабот го прегледале ветеринари кои утврдиле дека неговото здравје е нарушено и сега ќе остане во центарот за грижа за животни на лекување. Челниците на затворот сега се обидуваат да утврдат кој е одоговорен за обидот за шверцување дрога.