Гулабот наречен Бумеранг се вратил кај човекот кој го одгледал после 10 години. Дино Реардон помислил дека изнемоштена птица која оди накај него во дворот од неговиот дом се изгубила.
-Ја видов ознаката на ногата и само што не се онесвестив. Беше толку слаб што не можеше ни да лета. Цел ден поминав хранејќи го со гликоза и мед за да ја врати силата – раскажува Дино.
Но ова не е прв пат Бумеранг да се врати. Во почетокот на 1998 година се вратил од јужна Шпанија прелетувајќи 2000 км откако Дино го подарил на пријател. После тоа веднаш го дал на друг пријател, но повторно се вратил. Конечно го подарил на Алф Пенингтон и од тогаш не го видел. Се до оваа недела. Не знае точно од каде долетал бидејќи Пенингтон мислел дека е умрен уште пред 5 години. Носталгичниот Бумеранг овој пат ќе остане кај Дино.