Достапноста и брзината на интернет во Јужна Африка е под секое ниво поради недоволната раширеност на фреквенциската област, а цените на услугите се прилично високи. За да го понижи најголемиот интернет провајдер во земјата Телком, Компанијата Анлимитид ИТ по дресиран гулаб писмоносец испратила дискета врзана за неговата нога од градот Питермаритсбург до градот Дурбан.


Гулабот Винстон оддалеченоста од 80 километри ја прелетал за еден час и осум минути и уредно ја доставил пратката. За тоа време Интернет врската на Телком спуштила само четири проценти од податоците. Представник на компанијата Анлимитед ИТ изјавил дека со ова докажале дека живеат во средниот информациски век и дека единствената шанса што може да ги спаси ја гледаат во тоа што наредната година кај нив се одржува светското првенство во фудбал. Се надеваат дека дотогаш некои нешта ќе се подобрат.