На индиската полиција и бил предаден гулаб обвинет за шпиунажа во корист на соседниот Пакистан. Гулабот бил пронајден во државата Пенџаб и веднаш бил предаден на властите. Птицата на едната нога имала прстен со број на телефон, а на кожата на ногата и била напишана една пакистанска адреса.


Претставник на полицијата изјавил дека гулабот сигурно пренесувал некоја порака и дека бил користен за шпиунски цели. Според британските медиуми, гулабот бил затворен во климатизирана просторија и е под строг надзор на индиската полиција.