Германски производител на колбаси ќе им свири класична музика на своите производи со цел да го подобри нивниот квалитет. Компанијата за здрава храна „Тегут“, вработила гудачки квартет кој секое неделно утро ќе им свири Моцарт И Бетовен на колбасите. Шефот Волганг Гутберт тврди дека од музиката имаат подобар вкус.
„Знаеме дека тоа не може научно да се докаже, но уверени сме дека хармоничните мелодии влијаат на процесот на зреење“ – рекол тој.
Слични експерименти веќе се правени врз вина.