Еден англиски ѓубреџија можеби ќе помине незаборавен Божиќ доколку успее да ја состави огромната сложувалка од искинати парчиња од банкноти во вкупна вредност од 10 000 фунти.
Грем Хил од Линколн,во јуни годинава, празнејќи ги контејнерите, пронашол искинати банкноти од по 10 и 20 фунти.
Хил пронајдените пари ги однесол во полиција, но ни по шест месеци никој не се појавил и не ги побарал парите.
Со оглед на тоа дека истрагата не докажала дали парите се украдени или поврзани со криминална активност, парите му припаѓаат на пронаоѓачот, односно на Хил.
Од англиската банка известуваат дека на чесниот пронаоѓач уништените банкноти ќе му ги заменат со нови, доколку сам не успее правилно да ги спои.