Бранислав Гомилич од Подгорица, Црна Гора, преживеал пад во отвор за лифт од 6-ти кат бидејќи работниците го користеле како тобоган за ѓубре. Куп од картонски кутии му го ублажиле падот на 45-годишникот.
„Зборувавме и за момент исчезна во дупката“ – рекол еден од колегите.
Лифтот се уште не бил монтиран во зградата од 10 ката, а отворот го оставиле незаштитен. Бранислав ја скршил раката.
„Лекарите ни рекоа дека тој не би бил повеќе со нас ако тој и колегите не биле така неуредни. Да го фрлале ѓубрето каде што треба, веројатно тој ќе беше мртов“ – рекол еден член од неговото семејство.