Многу е поважно како а не каде ќе го одбележеме Илинден, смета портпаролот на МПЦ, митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.
Повлекувањето на барањето македонска делегација да го чествува 2 Август во манастирот Прохор Пчињски во Србија е одлука на Владата, но тоа е достоинствен одговор, смета владиката Тимотеј.
„Многу е поважно како духовно ќе го одбележиме празникот и како ќе им оддадеме почит на нашите минати генерации кои ги дадоа животите за слободата на македонската држава и народ, а не дали ќе бидеме во Прохор Пчињски на Мечкин камен или на некое друго место“, вели г. Тимотеј.
Во изјава за ohridnews, г. Тимотеј рече дека најважно пред се е настанот да се одбележи со достоинствен пиетет како што доликува кон оние кои ги положија своите животи за Македонија.
Г.Момироски