Продолжуваат натпреварите на традиционалниот  турнир во мал фудбал  “Петровден” во Мешеишта. Вечерта ја отворија Дипсакус Вевчани и Брумел кои одиграа ефикасен натпревар. Славеше Брумел со 7:1.

Во вториот меч Бел Мерцедес ја совлада екипата на Вис Пој со 2:1,  додека мечот помеѓу Ајриш Паб Фајв и Велио Компани е регистриран со службен резултат.

Резултати сабота, 29.06.

Дипсакус Вевчани – Брумел 1:7

Вис Пој – Бел Мерцедес 1:2

Ајриш Паб Фајв – Велио Компани 0:3 службено

Турнирот продолжува во недела со три средби.

Распоред недела, 30.06.

20:30 Игор Бенд Бушиноски – Кутлеш

21:30 Др.Баткоски – Еко Шпар

22:30 Дооел Ноче – Македонија

Г.М.