Англискиот алтернативен рок состав „The Cure” најави европска турнеја, прва после 2008 година, која легендарниот бенд ќе ја започне со серија концерти на 7 октомври 2016 година со настап во Хелсинки. Потоа ќе одржат уште 30 концерти ширум стариот континент. Турнејата ќе заврши на 1 декември на Вембли арената во Лондон.

Европската турнеја ќе биде продолжение на северноамериканската турнеја која ќе започне на пролет од Њу Орлеанс. Турнејата е оргазинзирана и покрај заминувањето од бендот на гитаристот Порл Томпсон, кој покрај 56-годишниот фронтмен Роберт Смит беше единствен постојан член на „The Cure”. Ќе го замени Ривс Гебрелс, познат по соработката со Дејвид Боуви. Основана во 1976 година, групата „The Cure” продаде повеќе од 50 милиони албуми ширум светот.