Британскиот рок состав „Колдплеј“ е ангажиран да настапи во текот на полувремето на големото финале во американски фудбал, кое се игра на 7 февруари, но јавно признаа дека слабо се разбираат во овој спорт. Фронтменот на овој состав, Крис Мартин, изјави дека се воодушевени што ќе учествуваат во оваа програма во која, покрај нив, ќе настапува и Бијонсе. „Супербоулот“ оваа година се игра во Сан Франциско и тоа е најгледан спортски настан во САД секоја година. Членовите на бендот откриваат дека интензивно ги гледаат натпреварите, но не веруваат дека ќе разберат што се случува на теренот за време на финалето.

 

Преносот на овој настан на телевизија подразбира и пренос на музичкиот пренос на полувремето. Минатата година овој спектакл го гледаа 118,5 милиони американци. На полувремето настапи Кејти Пери, но ја засени еден танчер облечен во костум на ајкула. Ова е прв пат после шест години гледачите да ги забавува некој неамерикански состав. Последен странски состав беше групата “The Who” која настапи во 2010 година. Мартин е исклучително задоволен што со него ќе пее Бијонсе, бидејќи е многу ценет изведувач, додека националната химна пред почетокот на натпреварот ќе ја испее Лејди Гага.