Австралиската група „AC/DC“ започнала со производство на сопствен асортиман вина, пренеле странските агенции. Групата која ја предводат Ангус и Малком Јанг се здружила со австралиската винарија ”Verburn estejt” како би направиле национално „AC/DC“ вино.
Тие веќе исфрлиле неколку шишиња кои добиле имиња по нивните најголеми хитови, и тоа ”Highway to Hell” каберне шевињон, ”Hells Bells’ шевињон блан и ”You Shook Me All Night Long” мускат. Директорот на компанијата која ќе го продава виното, Стив Донохју, рекол дека ова е светски феномен кој е прв од ваков тип на пазарот. Вината ќе се најдат во продажба наредниве денови.