Легендарните „AC/DC“ откриле дека оваа година планираат да се вратат во студио како би снимиле нов албум, а истакнале и дека во план им е турнеја. Бендот прославува 40 години, а фронтменот Брајан Џонсон рекол дека албумот веројатно ќе го снимаат оваа година во студио во Ванкувер. Тоа воедно ќе биде и 16 студиски албум на популарните рокери. Освен албумот фронтменот ја коментирал и турнејата.
Рекол дека постојат 40 години и по тој повод ќе направат 40 големи концерти како би им заблагодариле на фановите за верноста. Искрено мисли дека нивните фанови се најдобри на светот. Додал дека од последната турнеја минале четири години и многу се радувал на концертите. Засега нема официјални датуми за концертите. Последниот албум “Black Ice” го издале во 2008 година.