Група свештеници од црквата Св. Ѓорѓи од Охрид неодамна престојуваа во посета на Пустец, Република Македонија. Приказната за средбата со нашите во Мала Преспа ни ја раскажаа преку слики.
посетата на Албанија започна од Поградец
Патот до Пустец водеше преку Поградец, Корча и планините во Мала Преспа. Беше тешко да го пронајдеме патот за Пустец, но во тоа лубезно ни помогна албанската сообраќајната полиција која љубезно возеше пред нас 20 километри до место од каде веќе не можевме да го згрешиме патот, раскажуваат охридските свештеници.
љубезната албанска полиција
Тие се полни со импресии од Мала Преспа,сиромасен крај но со недопрена природа и нестварна убавина како од некоја друга планета. А таму најголемиот дел од локалното население вредно работи на околните ниви за да го извади лебот кој тешко се печали во Албанија.
недопрена убавина – Мала Преспа
Охридските свештеници во Пустец се сретнале со претставници на локалното население предводени од стариот пријател, учителот Цветко. Се муабетело за се и сешто, за животот, работата, црквите, а по заедничкиот ручек традиционално средбата завршила со македонско оро.
во Пустец се играше оро
Г.М.