Кошаркарската репрезентација на Македонија, на жрепката која во петокот се одржа во Минхен, ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година. Македонија која на жрепката беше носител, за противници во Г групата ги доби Унгарија, Велика Британија и Луксембург.  

Квалификациите за пласман на ЕП ќе се играат од 31.август до 17.септември, ќе учествуваат 27 репрезентации, кои се поделени во седум групи. Во шест групи партиципираат по четири репрезентации, додека една е составена од три селекции.

Пласман на ЕП во 2017 година ќе изборат победниците на групите и уште четири најдобри второпласирани репрезентации.

За континенталното првенство во 2017 година веќе се познати 13 земји-учеснички, тоа се домаќините Финска, Романија, Израел, Турција, потоа првакот и вицепрвакот Шпанија и Литванија и селекциите кои ќе учествуваат во олимписките квалификации: Србија, Франција, Грција, Италија, Летонија, Хрватска и Чешка.

Група А: Белгија, Исланд, Швајцарија, Кипар

Група Б: Германија, Холандија, Австрија, Данска

Група Ц: Русија, БиХ, Шведска

Група Д: Полска, Естонија, Белорусија, Португалија

Група Е: Словенија, Украина, Бугарија, Косово

Група Ф: Грузија, Црна Гора, Словачка, Албанија

Група Г: Македонија, Унгарија, Велика Британија, Луксембург

Во Минхен беа извлечени и групите за Европските првенство во младинските категории, А, Б и Ц дивизија. Ова лето на континеталните првенства ќе учествуваат неколку македонски репрезентации во машка и женска конкуренција.

Машката репрезентација, играчи до 16 години, на Европското првенство, Б дивизија, кое од 11. до 20.август ќе се одрќи во Софија, ќе игра во Б групата против врсниците од Ирска, Израел, Унгарија, Шкотска и Англија.

Македонија од 27.јули до 7.август ќе биде домаќин на Европското рпвенство за кошаркари до 18 години. Натпреварите ќе се играат во Скопје, а турнирот Македонија ќе го започне во А групата, во која за противници ќе ги има Полска, Унгарија, Бугарија, Ирска и Кипар.

Селекцијата до 20 години, во периодот од 15. до 24.јули, ќе игра на ЕП во Халкида, Грција. Макеоднија во А групата за противници ги доби Португалија, Црна Гора, Ерменија и Грузија.

Кошаркарските репрезентативки до 16 години од 5. до 14.август ќе учествуваат на Европското првенство, Б дивизија, кое ќе се одржи во Орадеа, Романија. Македонија е сместена во Д групата заедно со селекциите на Полска, Белгија, Романија и Норвешка.

Летово и кошаркарките до 18 години ќе учествуваат на Европското првенство, Б дивизија, кое од 23. до 31.јули ќе се одржи во Сараево, БиХ. Македонските кошаркарки ќе играта во Ц групата, во конкурнција на Грција, Англија, Естонија и Ирска.

  „Макфакс“
OhridNews