По повод светската недела на велоспидизмот изминатиот викенд група охриѓани самоиницијативно се организираа и  со велосипеди`го обиколија Охридското Езеро. Авантурата траеше два дена, а  за цело време групата беше пратена од возило за поддршка.


Првата етапа стартуваше од Охрид – Струга-Кафасан-Лин-Поградец, а заврши во с.Тушемиште- Р.Албанија истиот ден. Втората етапа се возеше наредниот ден и тоа од с.Тушемиште-Св.Наум-Пештани-Охрид.


Учесниците не се атктивни велосипедисти и се на возраст од 46 до 54 години. “Тајфата“  составена од  Људмил, Џовани, Алпер, Пател, Џепар, Љупчо, Јане и Томас како и “логистиката“ Лукан и Ниче се задоволни од остварувањето на поодамнешната желба на многу охриѓани за вакво возење и се надеваат дека оваа тура ќе продолжи да се организира секоја година во истиот период, како  и дека ќе биде помасовно прифатена.

М.П.