Трите бода им беа неопходни на двете екипи и очекувано првиот дел помина во тактичко надмудрување. Најдобро во ваквата игра се снајде Речкоски кој стрелаше прецизно за минимално водство.
На стартот на вториот дел екипата на Враништа преку Затуроски Андон изедначи 1-1. Предноста за Спарадајс ја врати Матески кој одлично го искористи проигрувањето на Лескароски, а ја дуплираше Речкоски со вториот гол на мечот.
Со вториот гол на натпреварот Затуроски повторно ја врати во “живот“ екипата на Враништа, а крај на сите надежи за тимот на Враништа стаде Матески со “парот“ во финишот на мечот.
Бел Мерцедедес очекувано славеше над “младите“ фудбалери на Теди Комерц со 2-0 и ја осигура лидерската позиција во групата.
Почетниот притисок “мечките“ го претворија во погодок, Стојкоски Николче со гол круниса додавањето на Нически. До крајот на првиот дел “белите“ го дуплираа водсвтото преку Ецкоски Марјан.
Во вториот дел екипата на Теди Комерц нападна со сите расположливи средства, но на голот беше расположениот Едис Абди кој скроти две чисти прилики за погодок.
Резултати
Спарадајс – Враништа 4-2
Бел Мерцедес – Теди Комерц 2-0
Табела:
1. Бел Мерцедес | 2 | 3 | 0 | 0 | 8-1 | 9 |
2. Спарадајс | 3 | 2 | 0 | 1 | 9-6 | 6 |
3. Теди Комерц | 3 | 1 | 0 | 2 | 4-9 | 3 |
4. Враништа | 3 | 0 | 0 | 3 | 5-11 | 0 |