Актуелниот освојувач на Велгиденскиот турнир, Вис Пој сo пресврт го совлада Телеком 4-2 и ја забележа втората победа во Ѓ Групата.


По мирниот прв дел, стрелците се разбудија во вториот. Први до предност стигнаа “поштарите“ преку Симоновски кој беше прецизен од белата точка. На погодок на Тeлеком, Вис Пој возврати со три. Резултатот го изедначни Ѓеоргиевски, пресвртот го направи Пазаркоски од пенал, а  со вториот погодок на мечот Ѓеоргиевски зголеми на 3-1, “покерот“ го комплетираше Ристески додека вториот гол за Телеком го постигна Маркоски.


Со вториот триумф во Ѓ Групата, екипата на Вис Пој обезбеди пласман во наредната фаза додека пак тимот на Телеком во последното коло ќе бара “виза“ за најдобрите 16.


На секој меч, почетокот ни е летаргичен. Во вториот дел се “разбудивме“ и ги спроведовме работите на своето место. Ние важиме за едни од фаворитите но никако не смееме да заборавиме на Бел Мерцедес, Бекче и битолската екипа Дисконт Царовски – изјави Пазаркоски Илче.

Поведовме со 1-0, но толку е силата. Екипата на Вис Пој, е млада,искусна и ги искористија нивните предиспозиции. Учеството на ваквите турнири нам ни преставува огромно задоволство – вели Петрески Горан.

На вториот меч од Ѓ Групата Инбокс со 2-0 го совлада тимот на Бет ат Хоме. Стрелци на погодоците во вториот дел од мечот беа Кочоски Валентин и Гаврилоски Дарко.


Чувстото е прекрасно да се игра на ваков квалитетен турнир. Ние сме млада можеби и најмлада екипа на турнирот, извојуваме победа во вториот натпревар, а во таков ритам ќе продолжиме и на третиот меч од Групата – истакна Енгин Реџеп.


Не ги искористивме нашите шанси, а децата си ги искористија и не совладаа. Нам ни преостанува на последниот меч од групата да оствариме добар резултат кој ќе не одведе во понатамошната фаза – истакна Ристески Трајче.


Резултати :
Вис Пој – Телеком 4-2
Бет ат Хоме – Инбокс 0-2

Табела:

1. Вис Пој 2 2 0 0 8-4  6
2. Бет ат Хоме 2 1 0 0 5-3  3
3. Инбокс  2 1 0 1 5-4  3
4. Телеком 1 0 0 1 1-5  0

Наредни натпревари
02.04 21.00 Телеком – Инбокс
02.04 22.00 Вис Пој – Бет ет Хоум

Мх.П.