Актуелниот првак на Велгиденскиот турнир во мал фудбал, Вис Пој со победа од 4-3 над Инбокс го започна походот кон одбрана на трофејот. По два пати во листата на стрелци за екипата на Вис Пој за запишаа Стефаноски и Ѓоргиоски. Во поразениот тим Инбокс два пати беше прецизен Гаврилоски и еднаш Јакупи.

Честитки за противничката екипа која се бореше до последните секунди од мечот. Резултатски имавме контрола, успеаа да ни се вратат, и нема да беше незаслужено ако младите деца стигнеа до бод – смета Стефаноски.

Екипата на Вис Пој е искусна, знаеше што сака на мечот и заслужено не победија. Ние сме млада екипа, и понатаму веруваме во успех и пласман во 1/8 финалето – рече Гавриловски.


Бет ат хоме со убедливи и чисти 5-1 ја совлада екипата на Телеком. “Поштарите“ го отворија резултат преку Маркоски, и тоа беше се` што направија не мечот. Потоа на сцена стапија играчите на Бет ат хоме, Балески со ефектен гол го израмни резултатот, Ристески го направи комплетниот пресврт, а Цветскоски го дуплираше водсвтото. Триумфот за “домаќините“ го запечатија Ристески со вториот погодок на мечот и Христовски .


Одлично го отворивме турнирот, не очекувамве дека толку лесно ќе го совладаме Телеком. Со овој триумф широко ни се отвара врата за пласман во наредната фаза – истакна стрелецот на два погодоци за Бет ат Хоме, Трајчески.

Сакам да им честитам на противничката екипата кои сосема заслужено се радуваше на победа. Нам ни преостануваат уште два натпревари во групата да победиме и да обезбедиме пласман во најдобрите 16 – потенцираше Симоновски.

Резултати :
Вис Пој – Инбокс 4-3
Бет ат Хоме – Телеком 5-1

Табела:

1. Бет ат Хоме  1 1 0 0 5-1  3
2. Вис Пој 1 1 0 0 4-3  3
3. Инбокс  1 0 0 1 3-4  0
4. Телеком 1 0 0 1 1-5  0

Наредни натпревари
29.03 21.00 Вис Пој – Телеком
29.03 22.00 Бет ет Хоум – Инбокс
02.04 21.00 Телеком – Инбокс
02.04 22.00 Вис Пој – Бет ет Хоум

Мх.П.