Дисциплинската комисија на Велигденскиот турнир во мал фудбал 2012, после прегледувањето на снимката од вчерашниот натпревар помеѓу Бел мерцедес и Спарадајс донесе дисциплинска мерка, забрана (суспензија) за играње на наредниот натпревар на играчот Климчо Танаскоски од екипата на Спарадајс.


Дисциплинската мерка едногласно е донесена поради неспортскиот старт и неспортското однесување на Танаскоски по стартот над противничкиот играч Сашо Крцоски во финишот на првиот дел од натпреварот.

Дисциплинската комисија во духот на спортскиот фер плеј апелира до играчот во наредните натпревари да не се случи старт сличен на вчерашниот. Доколку тоа повторно се случи строго ќе се санкционира таквото неспортско однесување на теренот.

Против оваа одлука екипата Спарадајс има право на жалба во рок од 24 часа после донесувањето на одлуката.

Ohridnews