Група Д : Балкан со пресврт до победа, Дисконт Царовски на седмо небо
02.04.12 21:00
Екипата на Ресторан Балкан со пресврт го совлада младиот тим на Данан Сат Биг инженеринг со 3-2. Дисконт Царовски со 7-0 го совлада Практикер Дент.
“Балканците“ до триумфот стигнаа откако имаа негатива од 2-0 по првиот дел од мечот. Благодарение на распложението Агушевски Аднан кој три пати ја тресеше мрежата на “жолтите“ , гостите од Битола одат понатаму во нокаут фазата.
– Одигравме одлично во првиот дел, кога имавме и добра предност. Наспорти играта во првиот , вториот дел направивме многу грешки кои противниците знаеа како да ги казнат – рече Јованоски Христијан.
Екипата на Дисконт Царовски ја забележа најубедливата победа на турнирот откако со 7-0 го совладаа тимот на Практиер Дент. Во убедливата победата мрежата на “забарите“ ја тресеа Сулејманов два пати, Соколоски Сашо три пати, и Соколски Влатко два пати.
Осум пати ги тресеше мрежите на противниците – Соколовски Сашо.
Се уште мирува мрежата на Зуноски
По трите одиграни кола во групата Дисконт Царовски има импозантна гол разлика 17-0. Покрај тоа го имаат и најдобриот стрелец на турнирот Соколовски Васко кој осум пати ги тресеше противничките мрежи.
– Одигравме убав натпревар. Резултатот е висок, но успеавме во финишот да го скршиме отпорот на противникот. Лани застанавме во полуфиналето , годинава посакуваме да одиме чекор понапред и да се пласираме во финалето – рече најдобриот во тимот на “магационерите“ Геровски.
Во рамки на 17-то коло од Втората кошаркарска лига, кошаркарите на Охрид на домашен терен ја пречекуваат екипата на Водно-Санс од Скопје Натпреварот се игра во недела, 9 март, со почеток во 17 часо...
Билетите за натпреварот ГРК Охрид – РК Вардар 1961 ќе бидат пуштени во продажба од денес од 12 часот кај Аждер, а на денот на натпреварот истите ќе се продаваат на билетарата во спортската са...
Ракометарите на Охрид во рамки на 21-то коло од Супер лигата во сабота ја пречекуваат екипата на Вардар Вардар е екипа која цели високо и секогаш се бори за титула Наша задача е добро да се подготв...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.