Фудбалерите на Ликвид и Кадмо забележаа победи во првите мечеви од Б групата.
– Им честитам на противниците за добрата игра на мечот. Во натпреварот влеговме со една цела да ги освоиме трите бода, и успеавме – рече членот на Ликвид, Игор Војдиноски.
– Сосема заслужено триумфираше екипата на Ликвид, нам ни останува во следните два натпревари да ја поправиме сликата од првиот меч на турнирот – истакна Силјаноски, фудбалер на тимот Охридски Комуналец.
Во првиот дел Чашитоски ги доведе во предност “домаќините“, додека истиот фудбалер во финишот го удвои водството. Со првиот гол на турнирот Гоце Толески ја зголеми предноста на 3-0, додека почесниот гол беше дело на Максуди Мохамед.
екипа беше млада и неискусна, тоа го искористивме поведовме и рутински
го спроведовме мечот во финишот.Во секој нареден натпревар одиме на
победа да избориме пласман во нок аут фазата – вели Чашитоски.
Група Б
Ликвид – Охридски Комуналец 5-0
Кадмо – Ванчо Питошески 3-1
Табела:
1 | Ликвид | 1 | 1 | 0 | 0 | 5-0 | 3 |
2 | Кадмо | 1 | 1 | 0 | 0 | 3-1 | 3 |
3 | Ванчо Питошески | 1 | 0 | 1 | 0 | 1-3 | 0 |
4 | Охридски Комуналец | 1 | 0 | 0 | 1 | 0-5 | 0 |
Наредни натпревари:
01.04 19.00 Ликвид – Ванчо Питошески
01.04 20.00 Кадмо – Охридски Комуналец
04.04 19.00 Ванчо Питошески – Охридски Комуналец
04.04 20.00 Ликвид – Кадмо