Без победник 2-2 заврши првиот меч во А групата меѓу екипите на Жито Леб и Проаква.

“Сините“ дојдоа во предност со голот на Дуклески, а до финшот на првиот дел на 1-1 изедначи Крека. На старот на вториот дел по двојната комбинација на стрелецот на првиот гол Дуклески и Калачоски, овој вториот ги врати “сините“ во водство. Конечните 2-2 ги постави Мурџоски.

 

Игравме цврсто, задоволни сме освоениот бод иако имавме на два наврати водевме. Мислам во следните мечеви ќе ја исправиме играта во одбрана и ќе се пласираме во наредната фаза – рече Дуклески Душко.

Значајна победа која ги отвара вратите кон нок аут фазата забележа екипата на АСП Пак. По мирољубивите 20 минути, првиот погодок “падна“ во финишот на вториот дел. Резултатот го отвори Ампов, додека победата ја комплетираше Медароски.

Тимот на АСП Пак имаше свои шанси кои ги искористи, ни нашите ги прокацкавме и поразот беше неминовен. Нам ни преостанува да ги одиграме уште двата мечеви и преку нив да бркаме пласман во најдобрите 16 – потенцираше Филев Мишо.

Мечот беше тежок, не следеше и среќата. Го скршивме отпорот во финишот на вториот дел а набргу потоа погодивме уште еднаш што беше доволно за триумф – истакна “џокерот“ на АСП Пак, Митко Ампов.


Група А
Жито Леб  – Проаква 2-2
Ротари Клуб – АСП Пак 0-2

Табела:

1 АСП Пак 1 1 0 0 2-0 3
2 Жито Леб 1 0 1 0 2-2 1
3 Проаква 1 0 1 0 2-2 1
4 Ротари Клуб 1 0 0 1 0-2 0


Наредни натпревари:
01.04 21.00 Жито Леб  – АСП Пак
01.04 22.00 Ротари Клуб – Проаква
04.04 21.00 АСП Пак      –  Проаква
04.04 22.00 Жито Леб  –  Ротари Клуб

Ohridnews