Без победник 2-2 заврши минидербито во А групата меѓу екипите на Жито Леб и АСП Пак.
Екипата на Жито Леб прва дојде до предност и тоа на стартот на првиот дел со погодокот на Мурџоски. Длабоко во второто полувреме Медароски прво го израмна резултатот, а неколку минути подоцна го комплетираше пресвртот. Во последната минута од мечот Исаку ги постави конечните 2-2.
Екипата на Ротари клуб прокоцка два гола предност на мечот со Проаква ремизирајќи 2-2.Јакимоски во првиот дел погоди за водство од 1-0, резултат кој беше актуелен се до финишот на мечот. На четири минути пред крајот на 2-0 зголеми Бочески Бојан.
Тогаш уследи недозволено оппшутање кое го искористија играчите на Проаква. На 2-1 намали Дуклески, за кого ова беше втор гол на турнирот, додека во последната минута од мечот Нически погоди за изедначивање 2-2 и огромен бод за Проаква.
– Повторно во интересен натпревар, успеавме да останиме непоразени. Од негатива смогнавме сили да се вратиме резултатски, и на крајот да им “скиниме“ планирани три бода на противничката екипа. На последниот меч, немаме друга опција освен победа – истакна “џокерот“ на Проаква, Нически Игор.
Група А
Жито Леб – АСП Пак 2-2
Ротари Клуб – Проаква 2-2
Табела:
1 |
АСП Пак |
2 |
1 |
1 |
0 |
4-2 |
4 |
2 |
Жито Леб |
2 |
0 |
2 |
0 |
4-4 |
2 |
3 |
Проаква |
2 |
0 |
2 |
0 |
4-4 |
2 |
4 |
Ротари Клуб |
2 |
0 |
1 |
1 |
2-4 |
1 |
Во решавачкото трето коло ќе се сретнат :
04.04 21.00 АСП Пак – Проаква
04.04 22.00 Жито Леб – Ротари Клуб
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com