АСП Пак ја совлада Проаква со 2-0 и како првопласиран ги заврши натпреварите  во А групата. Стрелци во тримфот на “пештанци“ беа Медароски Јованче и Кочоски Павел, кои погодија  еднаш во двете полувремиња.



– Имавме обезбедно пласман во понатамошната фаза и во мечо влеговме релаксирано. Тоа не не спречи да триумфираме и да ја обезбедиме првата позиција на табелата. Ние сме квалитена екипа веруваме во нас и не размислуваме многу за наредните противници – рече Ампов од тимот на “АСП Пак“.

Во последниот натпревар во оваа група, Жито Леб со пресврт го совлада Ротари Клуб со 5-2. “Ротаријанците“ со головите на Александар Јакимоски и Александар Фармак, имаа предност од 2-0. До крајот на првиот дел Крека го намали водството на 2-1.


На стартот на вториот дел со голот на Зиба “лебарите“ изедначија на 2-2. Комплетниот пресврт го најави Тасески, а низата ја продолжија Крека со вториот гол и Исаку.


Резултати:
АСП Пак  –  Проаква 2-0
Жито Леб  –  Ротари Клуб 5-2

Табела:

1 АСП Пак 3 2 1 0 6-2 7
2 Жито Леб 2 1 2 0 9-6 5
3 Проаква 3 0 2 1 4-6 2
4 Ротари Клуб 3 0 1 2 4-9 1