Зад сниманите разговори што ги објавува СДСМ стои странска служба, потпомогната од луѓе во Македонија, кои материјалите ги преведувале на англиски јазик, а изготвувале и анализи за да можат странците да добијат целосна слика за ситуацијата во земјата, изјави во средата на прес-конференција премиерот Никола Груевски.
Според него, потврда за ваквата негова констатација е и признанието на еден од приведените во акцијата „Пуч“, кој во целост го признал делото и претходно во средата, откако се нагодил со Обвинителството, бил осуден на тригодишна затворска казна.
Груевски, појаснувајќи кој ги снимал разговорите, рече дека снимките се направени на два начина.
Првиот начин, како што додаде премиерот, бил така што притворениот З.В (Зоран Верушевски, поранешен директор на УБК –з.р.), врбувал две лица во МВР, на кои за возврат им ветил парична награда откако ќе му ги дадат снимените материјали.
„Двете лица биле убедени дека материјалите се исклучиво за потребите на странска служба и дека тие нема да бидат објавувани и користени во Македонија, па заради тоа прифатиле да ја завршат работата, убедени дека нема да бидат откриени“, рече Груевски, додавајќи дека снимањето започнало во 2010 година.
„Со ова паѓаат во вода сите обвинувања дека ние стоиме зад снимањето“, рече Груевски.
Како втор начин на снимање, премиерот го посочи таканареченото снимање со тактичка опрема. Тој додаде дека МВР поканило странска компанија, чии експерти утврдиле дека во центарот на Скопје со помош на софистицирана опрема се вршел упад во базните станици на мобилните оператори, при што се снимале разговорите. Опремата била приклучувана меѓу 12 и 18 часот, а потоа се повлекувале.
„Тие што снимале на овој начин, се професионалци“, рече Груевски и додаде дека полицијата трага по нив.
Според премиерот, откако биле направени снимките, во 2014 година бил инволвиран и лидерот на опозицијата Зоран Заев, кој му соопштил за компромитирачките материјали, барајќи за возврат да не ги објавува, да прифати формирање на техничка влада.
Груевски рече дека тогаш го информирал надлежните служби, кои дале дозвола за активирање на ПИМ мерките во кабинетот на премиерот, заради што и разговорот со Заев бил снимен.
Натаму Груевски рече дека само тогаш била активирана опремата за снимање, а потоа била демонтирана. Коментирајќи ја содржината од разговорите што ги презентираше опозицијата, Груевски рече дека службите треба да се произнесат околу нивната автентичност.
„Ние сме сепак само луѓе, се радуваме, се смееме, тагуваме при загуба…“, рече Груевски, при тоа додавајќи дека народот ги препознава какви се навистина.
„Наш план е да се бориме со аргументи и факти“, рече Груевски, додавајќи дека ќе се утврдат околностите под кои се водени некои од разговорите, дали е нешто монтирано, или извадено од контекст. „Мора заеднички да се одбраниме и ќе успееме“, порача Груевски.
OhridNews
Извор: „Макфакс“
Зад сниманите разговори што ги објавува СДСМ стои странска служба, потпомогната од луѓе во Македонија, кои материјалите ги преведувале на англиски јазик, а изготвувале и анализи за да можат странците да добијат целосна слика за ситуацијата во земјата, изјави во средата на прес-конференција премиерот Никола Груевски.
Според него, потврда за ваквата негова констатација е и признанието на еден од приведените во акцијата „Пуч“, кој во целост го признал делото и претходно во средата, откако се нагодил со Обвинителството, бил осуден на тригодишна затворска казна.
Груевски, појаснувајќи кој ги снимал разговорите, рече дека снимките се направени на два начина.
Првиот начин, како што додаде премиерот, бил така што притворениот З.В (Зоран Верушевски, поранешен директор на УБК –з.р.), врбувал две лица во МВР, на кои за возврат им ветил парична награда откако ќе му ги дадат снимените материјали.
„Двете лица биле убедени дека материјалите се исклучиво за потребите на странска служба и дека тие нема да бидат објавувани и користени во Македонија, па заради тоа прифатиле да ја завршат работата, убедени дека нема да бидат откриени“, рече Груевски, додавајќи дека снимањето започнало во 2010 година.
„Со ова паѓаат во вода сите обвинувања дека ние стоиме зад снимањето“, рече Груевски.
Како втор начин на снимање, премиерот го посочи таканареченото снимање со тактичка опрема. Тој додаде дека МВР поканило странска компанија, чии експерти утврдиле дека во центарот на Скопје со помош на софистицирана опрема се вршел упад во базните станици на мобилните оператори, при што се снимале разговорите. Опремата била приклучувана меѓу 12 и 18 часот, а потоа се повлекувале.
„Тие што снимале на овој начин, се професионалци“, рече Груевски и додаде дека полицијата трага по нив.
Според премиерот, откако биле направени снимките, во 2014 година бил инволвиран и лидерот на опозицијата Зоран Заев, кој му соопштил за компромитирачките материјали, барајќи за возврат да не ги објавува, да прифати формирање на техничка влада.
Груевски рече дека тогаш го информирал надлежните служби, кои дале дозвола за активирање на ПИМ мерките во кабинетот на премиерот, заради што и разговорот со Заев бил снимен.
Натаму Груевски рече дека само тогаш била активирана опремата за снимање, а потоа била демонтирана. Коментирајќи ја содржината од разговорите што ги презентираше опозицијата, Груевски рече дека службите треба да се произнесат околу нивната автентичност.
„Ние сме сепак само луѓе, се радуваме, се смееме, тагуваме при загуба…“, рече Груевски, при тоа додавајќи дека народот ги препознава какви се навистина.
„Наш план е да се бориме со аргументи и факти“, рече Груевски, додавајќи дека ќе се утврдат околностите под кои се водени некои од разговорите, дали е нешто монтирано, или извадено од контекст.
„Мора заеднички да се одбраниме и ќе успееме“, порача Груевски.