Возобновувањето на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник ќе заврши за година и пол, најави денеска во Охрид премиерот Никола Груевски. Тој во друштво на вицепремиерот Ставрески, пратениците, државните функционери од Охрид и претставници на општинскиот комитет денеска го посети локалитетот Плаошник каде од директорот на Управата за заштита на културното наследство , Паско Кузман, беше запознат со текот на работите.
Возобновувањето на Свети Климентовиот Универзитет ќе заврши за година и пол
Проектот трае година и пол и веројатно ќе трае уште толку, рече Груевски. Се работи за три годишен проект во кој вкупно ќе бидат инвестирани 6 милиони евра и задоволни сме што работите одат добро, додаде Груевски. Тој денеска го посети и локалитетот Градиште каде во тек се подготвителни работи за изградба на Музејот на вода. „Подготвени се матерјалите и другите потребни детали и некаде во мај ќе започне реконструкцијата на Наколната населба во Охрид која верувам исто така ќе биде голема туристичка атракција, но и уникатно обележје на Република Македонија“, рече Груевски.
Премиерот денеска останува на брегот на Охридското Езеро. Тој вечерва ќе присуствува на Велигденските чествувања во Струга и Охрид.
ohridnews