Премиерот Никола Груевски, во свои лично име и во име на Владата, упати честитка до граѓаните за големиот државен празник, 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.
Притоа Груевски истакна дека овој ден ја симболизира истрајноста и пожртвуваноста на македонскиот народ, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност која ќе се преточи низ многу вековна борба и истрајност во создавање на сопствена држава, се.
-Ова е ден кога пред многу години македонскиот народ ја добива организацијата која по својата форма и функција ја отсликува оваа негова желба и која прераснува во предводник и организатор на македонската револуционерна борба за обезбедување на најосновните човекови права и можност за достоинствен живот. Целта на Внатрешната македонска револуционерна организација била изедначување на македонскиот со сите останати европски народи кои непречено ги изразувале и одржувале своите традиции, култури и посебности непречено на својот мајчин јазик. Основоположниците и нејзините членови имале вонредно тешка задача да го организираат народот и успешно да покренат движење кое ќе води кон слободата на Македонија. Благодарение на нивната неисцрпна љубов кон татковината, која им ја давала силата да истраат во своите напори и фанатичната посветеност кон зададената цел која е дел од битието на секој Македонец, членовите на ВМРО оставиле траен позитивен белег во нашата историја, а нивните вредности и дела трајно се вградиле во македонската државност.
Пред таквата посветеност и упорност денес ја изразуваме нашата благодарност. Правото да ги одгледуваме и воспитуваме нашите деца во согласност со нашите обичаи и традиции, а со тоа и да ги зачуваме за идните поколенија Македонци во кои ќе продолжи да гори огнот на ваквите цели и идеали! Тоа револуционерно дело ни дава добар пример да продолжиме со посветеност, со одговорен пристап, со мудрост и со истрајност да инвестираме во развојот на нашата земја, во унапредувањето на сите општествени сфери и давањето на можности за подобар живот и повисок стандард на граѓаните, за континуиран напредок и изградба на силна и модерна Република Македонија, се наведува во честитката.
OhridNews