Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска е во посета на  Охрид, како дел од владиниот проект „Со Вас“ чија примарна цел е приближување на владините институции и претставници до граѓаните на Република Македонија.

Прва „цел“ на агендата беше почнувањето на ископување и проширување на археолошкиот локалитет кај Плаошник, а водич беше организаторот на проектот Паско Кузман. Околу 150 луѓе, меѓу кои и архитекти, археолози, студенти по археологија, мајстори… работат на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет 2007 – 2009“.


Бенефиции за земјоделците?!

Посебно интересна беше посетата на градскиот пазар каде Груевски оствари непосредни контакти со граѓаните, продавачите и купувачите. Секој имаше по нешто „важно“ да му каже на премиерот. Најмногу поплаки имаше на нерешениот статус на многу стечајци кои „не по свој избор постанале продавачи на пазар“. Народот воглавно се интересираше како владата ќе го зголеми вработувањето, на што премиерот одговараше дека „интензивно се работи на привлекување нови инвестиции“.


Велмешкиот грав интересен за Груевски

За пофалба е ненаметливото однесување на непосредното обезбедување на премиерот, како и трпеливоста на Груевски за прашањата и на граѓаните и на новинарите.

Текст и фото:
С. Костоски