-Довербата која ми ја дадовте да ја водам партијата во следните четири години ја чувствувам како вреднување на вложениот труд во минатото, но и како голема обврска да ги продолжам политиките и проектите што ги водевме и кои даваат резултати, да ги подобриме оние политики кои предизвикаа грешки. Како партија на власт ние мораме да останеме целосно посветени на напредокот на Македонија, на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и на остварување на зацртаната стратегија и програма.
Со овие зборови претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се заблагодари за довербата која едногласно му ја доверија 609 делегати на 14- тиот Конгрес на партијата.
Тој подвлече дека во претстојниот период клучно поле на кое треба да се работи е развојот на Македонија, реформите и остварување на стратешките цели на државата.
Никола Груевски беше избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на партијата во 2003 година во Охрид. Тој ја презеде функцијата од Љубчо Георгиевски кој после цели 13 години на челната позиција се повлече поради изборниот пораз.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com