– Длабоко сум убеден дека вака крупно прашање во историјата на еден народ не може да се реши без консултација со сите граѓани. Името на државата е наследно. Тоа беше составен дел од прашањето за референдум на 8 септември 1991 година. За името на оваа држава не може да одлучуваат сами грст политичари или поедини интелектуалци, НВО или поединци. Тоа е така крупно историско прашање за кое може да одлучи само народот. Политичарите за ова прашање можат да го дадат само своето мислење но не и сами да одлучат, вели Груевски. Посочува дека тоа било и предизборно ветување содржано во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Груевски: Референдум за името ќе има
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com