Премиерот Никола Груервски ќе ја предводи фудбалската екипа на Владата во ревијалниот натпревар против тимот на групацијата на бизнисмените од дијаспората „Македонија 2025“ која ќе ја води познатиот светски бизнисмен Мајк Зафировски. Натпреварот ќе се одигра во рамки на манифестацијата “Заедно дома во Макдонија“ што од 1 до 7 август ќе се одржи во Охрид. Во склоп на манифестацијата  ќе се одржи Фубалско првенство во кое учество ќе земат 7 екипи од исто толку држави. Во ревијалниот дел исто така натпревар ќе одиграат и екипи на МПЦ и градот Охрид.

Во рамки на манифестацијата предвидена е и специјална туристичка презентација на Охрид и околината, како и запознавање со културното, историско и духовно богатство на Македонија. За учесниците ќе биде организирано и крстарење по Охридското Езеро и пикник во Вевчани.

Основна цел е да ја донесеме третата генерација македонци да ја запознаат Македонија и да воспоставиме врска помеѓу младите од надвор и од тука од што се надеваме во иднина ќе произлезат разни форми на соработка, изјави  Миодраг Атанасиевски, претседател на Здружението на македонците од светот “КОРЕНИ“ кое ја организира манифестацијата “Заедно дома во Македонија“.

ohridnews