Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта, во ноември минатата година. Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето, јавуваат унгарските медиуми, пренесува „Макфакс“.
Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните кои се случија во Собранието на 27 април 2017-та година, за што е осомничен дека бил организатор.
Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот, пренесува „Макфакс“.
фото:hvg.hu
Експремиерот доби политички азил во Унгарија откако беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.
OhridNews
Извор: hvg.hu/Макфакс