Никола Груевски, мандатар на новата Влада и Горан Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа оставка од пратеничките функции.

Оставките им беа констатирани на вчерашната седница на Собранието на Република Македонија.

На втората седница во новиот состав Собранието ги донесе одлуките за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието, за основање постојани работни тела и за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување меѓународна соработка и за изменување на Одлуката за основање Национален совет за евроинтеграции.

OhridNews