Ситуацијата во која се наоѓа охридскиот регион е последица на природна непогода, а не на човечки фактор, изјави синоќа во Охрид премиерот Никола Груевски.

– Ние го даваме нашиот максимум, се работи за борба со природата. И многу посилни и побогати држави загубиле од природата, рече Грувски.

Тој истакна дека државните институции максимално се ангажирани во насока на спречување на поплавите кои се предизвикани од високото ниво на Охридското Езеро и на реката Црн Дрим

– Сите наши институции се максимално ангажирани и ставени на прв степен готовност, за колку толку да се ублажи целокупната ситуација. Дали ќе успееме, ќе покаже времето, додаде премиерот.

Груевски изрази надеж дека со намалувањето на интензитетот на врнежите од дожд ќе се поправи неповолната хидролошка состојба во која се наоаѓаат пред се западните краишта од земјата.

Во врска со критиките на охридскиот градоначалник Александар Петрески кој најави дека ќе побара странска помош затоа што државата не покажува интерес за проблемите на граѓаните на Охрид, Груевски рече дека тоа се мизерни обиди да се искористи елементарната непогода за собирање ситни политички поени.

– Многу е жално кога некој што е во политиката, ќе се обиде на мизерен начин да собере политички поени во ситуација кога граѓаните на Охрид се вознемирени и сите државни служби и сили се ставени во целосна готовност и прават се што е во нивна моќ.- рече Груевски.

Премиерот Груевски и владини министри синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ имаа средба со граѓаните на Охрид.

Ohridnews