Суверено право на Македонија е да им даде имиња на своите аеродроми, изјави во Охрид премиерот Никола Груевски, одговарајќи на забелешките на шефот на делегацијата на Европскиот Парламент, Дорис Пак, за која несфатлив е потегот зошто аеродромот во Скопје е преименуван во Александар Велики.
За Груевски е несфатливо дека некој сака да и го скрати правото на една суверена држава какво име ќе му стави на сопствениот аеродром.
„Монополизирање на имиња или личности од историјата, не е европски“, рече Груевски кој истакна дека Македонија како европска држава има право да одлучува за внатрешни прашања како што е давањето име на аеродром.
„Ние не се караме, туку имаме кавга од другата страна“ рече Груевски. „Ние не се налутивме кога кога Грција го крсти аеродромот во Солун “Македонија“, бидејќи тоа е суверено право на грчката држава. Можеа ако сакаат да крстат Скопје или Гоце Делчев, ако сакаат, додаде Груевски кој рече дека Македонија не провоцирала никого туку само му дала име на сопствениот аеродром.
„Ние одлучивме аеродромот во Скопје да се вика “Александар Велики“, а во Охрид “Св. Апостол Павле“ за кој засега немаме добиено забелешки од Ватикан, рече помалку на шега Груевски.
Г. Момироски