Изградбата на трите автопати се одвива според предвидената динамика, изјави премиерот Никола Груевски.

– Во Македонија во моментов се градат три автопатишта и имаме добар прогрес кај сите. На автопатот Скопје – Штип пробиено е 90 отсто од трасата, кај автопатот Демир Капија – Смоквица има прогрес 57 отсто, а на автопатот Кичево – Охрид пробиено е 37 отсто од трасата, изјави премиерот Груевски.

Тој посочи дека се работи со полна пареа на трите автопати и оти за нивна изградба се ангажирани 2.220 работници.

OhridNews