“Јас ја разбирам ДУИ дека има можеби проблем да им објасни на своите членови за некои свои постапки, меѓутоа не е чесно да ги лаже, затоа што тоа е лошо“
, рече Груевски. Тој напомена дека е постигната согласност за другите прашања да се разговара, „но не треба да се лаже“, повтори, премиерот.Груевски демантира дека постои некаков документ на англиски јазик врз основа на кој се воделе преговорите.“Постои согласност која секој си ја запишал и странците и ние, меѓутоа документ е кога нешто ќе се потпише и ќе се застане зад него, но ние имаме само усна согласност“, рече Груевски кој потенцираче дека нема договор за пензии на поранешните борци на ОНА, за воведување двојазичност на целата територија на Македонија и за избор на Влада со „Бадентер“.
„Состојбата во владината коалиција е во ред“, рече Груевски кој објасни дека со заменик претседателот на ДПА, Тачи, разговарале за одредени недоразбирања и изрази мислење дека голем дел од тие недоразбирања се надминати. Груевски денеска ја отфрли можноста во Македопнија да има предвремени парламентарни избори. “Немаме намера да предизвикуваме предвремени избори, сакаме сега да се насочиме кон напредокот на државата, а сосема е друго ако дојде до некоја друга околност во државата, но во овој момент јас не гледам таква можност“.
Премиерот Груевски во рамките на владината кампања „Поблиску до вас“, денеска ја посети општина Струга каде оствари средба со граѓаните и посети неколку компании.