Ние во Владата, во државните институции со кои раководиме по волја на избирачите, нема да дозволиме марионетки да ја втурнат Република Македонија во граѓанска војна, ниту македонско­партиска, ниту меѓуетничка или меѓурелигиска. Наша судбина е соживот и меѓусебна соработка, уважување и почит. На провокации сме имуни, на опасни дејства како закана сме подготвени, рече премиерот и претседател на ВМРО­ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот партиски собир во Битола, пренесува „Макфакс“.

„Паралелно на тоа, нудат се и сешто на секого, на странците, на партиите на албанците во Македонија, на секој, кој може да направи нешто да им помогне некако… ..но, овие на кои им се нудат не само што не им помагаат така како што се очекува од нив, туку и ги понижуваат, им се смеат, дополнително ги посрамуваат. Ама овие нашиве очигледно немаат никаков срам, образ ѓон, како што викаат нашите. Па каков образ може да има човек кој свесно игра едно вакво сценарио“, рече Груевски.

Кога во раните деведесети СДСМ беше на власт, а грчките партии организираа милионски митинзи само за да ни порачаат дека Македонија била грчка, нагалси Груевски, народот во Македонија немаше шанса да даде одговор.

„Никој не го организираше или охрабруваше на соодветен масовен одговор. Влеговме во спор со Грција иако веќе речиси се суштинско ни беше одземено. Ни беше одреден дури и медијатор. Оттогаш до денес посредувањето како основа го има впечатокот што го стекна посредникот од тогашното третирање на македонскиот народ од страна на СДСМ. На една страна има грчки народ во полн капацитет, а на друга политичари на власт. Македонскиот народ го нема. Ова го кажувам како само еден пример, кој не треба да се става во никаков друг контекст, освен во контекст на односот на оваа партија кон значајните прашања за државата.Затоа нашата позиција меѓу другото вели, да, политичарите ќе разговраат, преговараат, прифаќаат, нудат, одбиваат,..нешто ќе им се виде добро, нешто лошо, некој без, некој под некакви притисоци, уцени,понуди или закани, ….се може да прават, но ако некој нешто усогласи, договори, вети, или прифти, неможе финалниот збор да го имаат политичарите, министрите, премиерот или претседателот, туку целиот народ кој преку реферндум ќе каже дали некоја идеја, предлог или решение е добро или не, и тоа, и само тоа може да е финалниот одговор на Република Македонија“, потенцираше Груевски.

Додаде дека Владата има свои грешки и не се срами да ги каже, но должна е да упати и на сите проекти, заложби и конкретни работи кои ги направи за Македонија и народот, работи кои се мерливи, кои допираат до граѓаните, нудат нова можност, поволност или барем нешто подобро.

Според Груевски, Зоран Заев и неговите следбеници залудно ќе чекаат трговија.

„Нема трговија. Ние може да разговараме и да водиме дијалог, но никогаш нема да учествуваме во сценарија кои имаат за цел да го премостат народот“ рече Груевски.

Осврнувајќи се на ткн афера „Пуч“, Груевски напомена дека нема да има простор за заташкување на скандалот кој СДСМ сама го конструира.

„Одговорноста со сите затезни камати за дестабилизирањето на земјата, за омаловажувањето на гласачката волја, за валкањето на угледот и на граѓаните и на државата, за лагите и оговарањата што ги пласираат во светот, ќе ја носат во секоја форма сите кои учествуваа во потфатот на рушење и дестабилизација на државата“, потенцира Груевски.

Премиерот на собирот во Битола промовираше повеќе нови мерки за стимулирање на вработувањето.

„Работодавачите кои ќе вработат млади лица до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси во рок од три години, а ќе имаат обврска да го задржат работникот уште една година. За работодавачите кои ќе вработат лица на возраст од 35 до 50 години, а кои биле 10 години без работа ќе бидат ослободени од персонален данок и придонеси пет години со обврска уште една година да го задржат работникот. Оние, пак, кои ќе вработат лица над 50 години ќе бидат ослободени од персонален данок и социјални придонеси пет години без обврска после тоа да ги задржат вработените“, нагласи Груевски. 

OhridNews