Македонскиот премиер, Никола Груевски, немаше свој фаворит во финалето од Европско првенство (ЕП) кое го доби Шпанија со 4-0 над Италија.
Премиерот, напомена дека негов фаворит се македонските кошаркари кои во Каракас ги започнуваат мечевите од предолимпискиот турнир за пласман на ОИ во Лондон.
„Немам свој фаворит вечерва, моите фаворити почнуваат да играат од утревечер. Самарџиски, Илиевски, Антиќ и сите останати македонски репрезентативци од утре вечер почнуваат да се борат за пласман на Олимпијадата и тогаш ќе имам свој фаворит, а тоа е Македонија“, изјави премиерот Груевски за МТВ.
Груевски финалето до Европскиот шампионат го проследи во друштво на амбасадорите на Полска и Украина во Македонија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com