Како ќе заминува кризата, така ќе се трудиме да извршиме позитивна корекција и нови придвижувања и зголемувања на пензиите, изјави премиерот Никола Груевски.

„Пензионерите многу го ценат тоа што во 2007 и 2008 година Владата во повеќе наврати изврши покачување на пензиите, така што пензиите пораснаа во просек за околу 34 отсто, а оние од третата категорија со најниски пензии пораснаа дури за 41 %. За време на кризата успеавме да не дојде до намалување, како што се случи во многу држави во Европа кои ги намалија пензиите. Ние успеавме да ги задржиме на исто ниво“ – рече Груевски.
 
Според Груевски, пензионерите се задоволни од владината мерка со која и оваа година на им се овозможува еднонеделен бесплатен престој во бања.

OhridNews
извор: Makfaks