Премиерот на Република Македонија Никола Груевски преку својот Фејсбук профил објави ново покачување на пензиите и социјалната помош во 2016 година.

Во објавата на Груевски се наведува дека на последната седница владата одлучила да поминат законските измени со кои  за социјално најзагрозените граѓани, примателите на социјална и постојана парична помош, покрај претходното зголемување од 10 проценти, се предвидува ново дополнително зголемување за наредната 2016-та година од нови 5%.

– Донесовме одлука и за ново зголемување на пензиите. Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија која ја покачивме за 5%, одлучивме тие да имаат ново зголемување од нови 5% за наредната година, објави Груевски.

OhridNews