-Ние сме сведоци на безмалку четири месеци владеење на СДСМ, некој ќе рече тоа е кратко време да се даде оценка, но јас ќе кажам дека ако по утрото денот се познава, денот е многу лош и овој ден нема долго да трае. Ова ќе мора да се прекине, по победата на овие локални избори логично е ВМРО-ДПМНЕ да бара и да добие предвремени парламентарни избори.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој вчера гостуваше во Дневникот на Сител, додавајќи дека ќе започне нова ера во Македонија која ќе стави крај на помрачувањето што и се случи на државата со доаѓањето на СДСМ.
Никола Груевски е губитник и тоа им е јасно на сите, па дури и на неговите сопартијци и затоа никој повеќе не стравува од неговото сеење закани, поделби и омраза, му возврати СДСМ.
-Македонија го надмина Груевски и веќе еднаш го победи, а на претстојните локални избори, граѓаните ќе ја потврдат победата и ќе стават крај на неговата криминална ера.- велат од СДСМ.