Премиерот Никола Груевски во придружба на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорката на Завод и Музеј Охрид Тања Паскали Бунташеска, денеска, го посети локалитетот Плаошник и направи увид на градежните активности за возобновување на „Свети Климентовиот Универзитет“. 

-Според мое убедување откако ќе биде завршена изградбата на предвидените објекти на Плаошник, ова ќе биде место каде туристите најдолго ќе се задржуваат од причина што ќе има многу содржини и работи кои ќе можат да се видат и ќе стане веројатно најатрактивно, или во првите три четири најатрактивни места во Република Македонија, што ќе биде дополнителна туристичка понуда на Охрид и воопшто на Македонија. –изјави Груевски.

Тој истакна дека градежните работи одат според планираната динамика и во добра насока.

-Наскоро треба да започне изградбата на фасадата на речиси соте објекти и очекувам тоа да биде завршено до крајот на оваа година или средината на идната.-додаде Груевски.

Директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска истакна дека сите предвидени објекти се во завршна фаза на карибана: резиденцијалниот објект, манастирскиот конак, Музејот на Плаошник, Центарот за хуманистички науки и Свети Климентовата библиотека.

Од понеделник започнуваме со оформување на фасадниот изглед на објектите.-истакна Паскали Бунташеска.

При крај се археолошките истражувања на втората ламела на богословскиот факултет и во најскоро време ќе почне со реализација и на тој дел овој комплекс, а третата ламела ќе отпочне со реализација штом завршат археолошките истражувања, објасни директорката на Завод и Музеј.

Паскали Бунташеска истакна дека при изградбата целосоно се почитуваат препораките на УНЕСКО врз основа на кои е извршена комплетна ревизија на проектот, во кој се вметната сите забелешки на светската организација прод чија заштита е културното и природното богатство на Охрид.

Возобновувањето на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник комплетно треба да биде завршено до 2018 година.

Г. Момироски