Кандидатот за градоначалник со кој ВМРО ДПМНЕ ќе настапи на претстојните локални избoри во Охрид, ќе се знае брзо, изјави вчера во Градиште претседателот на Владата и лидер на најголемата владејачка партија, Никола Груевски.
Набрзо ќе се знае и новиот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Кандидатите за оваа функција неодамна во Скопје имаа завршно интервју кај Груевски кој треба да пресече.
Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот изрази неверување во врска со обвинувањата од градоначалникот дека централната власт ја опструира локалната власт во Охрид. „Не верувам дека градоначалникот на Охрид тоа го кажал затоа што ние многу му помагаме. Веројатно тоа е некаква грешка“, изјави Груевски.