Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски вчера остварил телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ.

Двата премиера разговарале за начините за справување со регионалниот предизвик на наплив на илегални мигранти.

Тие размениле информации кои се во корист за поефикасно менаџирање на постојниот проблем, согласно расположливите капацитети на државите.

Премиерите се договориле да продолжат активно да ја следат ситуацијата и да преземат мерки и активности за справување со настанатата ситуација.

OhridNews